Наскоро ќе поскапат алкохолот и цигарите. Надлежните планираат зголемување на акцизите и за алкохолните пијалаци и за тутунот. Според најавите, акцизата за пивото ќе се зголеми од три на четири денари по литар, додека кај другите алкохолни пијалаци од 300 на 340 денари за литар чист алкохол. Со новите измени во Законот за акцизите, се проценува дека зголемувањето на акцизите ќе значи и поскапување на алкохолните пијалаци за најмалку 10 отсто. Според Министерството за финансии, целта на зголемувањето на акцизите е да се усогласат директивите со Европската Унија. Генералниот директор на „Скопска пивара“, Јаак Микел посочува дека тие веќе ја известиле Владата за тоа што ќе се случува по зголемувањето на акцизите. За колку ќе поскапи и како тоа ќе се одрази врз работењето на компанијата с`уште нема точни процени, но менаџментот се надева дека во дијалог со Владата ќе се најде прифатлив модел.
Наскоро ќе поскапат алкохолот и цигарите. Надлежните планираат зголемување на акцизите и за алкохолните пијалаци и за тутунот.
Според најавите, акцизата за пивото ќе се зголеми од три на четири денари по литар, додека кај другите алкохолни пијалаци од 300 на 340 денари за литар чист алкохол. Со новите измени во Законот за акцизите, се проценува дека зголемувањето на акцизите ќе значи и поскапување на алкохолните пијалаци за најмалку 10 отсто.
Според Министерството за финансии, целта на зголемувањето на акцизите е да се усогласат директивите со Европската Унија.
Генералниот директор на „Скопска пивара“, Јаак Микел посочува дека тие веќе ја известиле Владата за тоа што ќе се случува по зголемувањето на акцизите. За колку ќе поскапи и како тоа ќе се одрази врз работењето на компанијата с` уште нема точни процени, но менаџментот се надева дека во дијалог со Владата ќе се најде прифатлив модел.
Од останатите пиварници во земјава с` уште не излегле со став како зголемувањето на акцизите ќе се одрази на цената, но јасно е дека македонските пивопијци нема да се најсреќни со новата давачка. Од друга страна се очекува поскапувањето да биде силен удар и врз угостителскиот бизнис во земјава. Во однос на цигарите, пурите и цигарилосите се предвидува постепено зголемување на акцизата во наредните десет години.